Само за оние што си ја постираат храната на ФБ (Видео)

Седиш во кафеана релаксиран  и си ја чекаш вкусната порција што си ја нарачал. И токму кога ќе стигне храната, некој паметен од друштвото се истопорува со телефон, ја слика масата и јадењето и ги пушта фотките на фејсбук и инстаграм.  Познато ви е чувството, нели? Зошто цел свет мора да знае што сте јаделе?! И каде отиде  атмосфератa? Но,  и за тоа има решение! На еден Американец му текнало како  да ги одвикне пријателите од оваа навика.  Само погледнете го последниот лик во видеото  и се ќе ви стане јасно, како боли кога некој ќе ти го скрши  ќефот во кафеана.

Translate »