Д-р Рашела Петковска: имаме голем потенцијал за развој на здравствениот туризам

Стоматолошката клиника ПЗУ Дентиција Гевгелија  е една од здравствените институции од југот на земјата која го поттикнува здравствениот туризам во земјава. Со осум стоматолошки стола, најсовремени RTG дигитални апарати – 2Д и 3Д, ласери Kavo 8000 i Kavo Master, стоматолошки микроскоп,апарат за рана детекција на кариес, модерни хируршки апарати,Cerec – CAD CAM систем за скенирање,дизајнирање и изработка на забни коронки и други најсовремени апарати, оваа клиника последниве години ги подигна стандардите на стоматолошките услуги во земјава. Едуциран кадар, надградуван со знаења во ЕУ земјите, веќе две децении е дел од оваа наша здравствена институција. Ковид кризата го стави пред предизвик целиот овој здравтсвен сегмент, посебно во гевгелискиот регион. По тој повод разговараме со Д-р Рашела Петковска која е и основач на Дентиција уште во далечната 2000 година.

  1. Дали постепено се враќаат грчките пациенти?                                                                                                                                                                                                              По Корона кризата грчките пациенти полека се враќаат. Работиме со 30 % пациенти од порано. Во Грција исто како и во останатите ЕУ држави има зголемени мерки за ограничување на патувањето вон ЕУ држави. Луѓето не шетаат како порано. Најчесто доаѓаат вакцинирани граѓани.

2.Како денес го оценувате квалитетот на стоматолошките услуги кои се даваат во земјава?

Во последните 10 тина години квалитетот по приватните стоматолошки ординации расте. Посебно во Гевгелија во повеќето ординации се работи на високо ниво.

                                3.Кои се најчестите услуги кои се бараат?
Најчести услуги се протетските, орално-хируршките (имплантологија) и ортдонтските.

                                4.Што е тренд во стоматологијата?
Тренд во последните години е дигитализацијата во стоматологијата, Chair side стоматологија (се да се заврши во еден ден на едно место), микроскопска ендодонција.Ние сето ова го работиме во последните 3 и пол години. Дигитализацијата се повеќе се развива, грешките се сведени на минимум и тоа е иднината на стоматологијата.

                                5.Какви се вашите идни планови.

Интенција на нашата  поликлиника е секогаш да ги прати трендовите во стоматологијата , нешто што и го правиме со  континуирано опремување со најсовремени апарати и опрема  како и со едукација и обука на докторите и сите останати вработени . Со помош на дигитализираната опрема се трудиме да работиме стоматологија во која грешките  се сведени на минимум или воопшто ги нема. 

Translate »