Германка на чело на Европската Комисија, Зелените незадоволни

Лидерите на ЕУ постигнаа договор во Брисел. За претседател на Европската комисија е предложена германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен.

Шпанскиот министер за надворешни работи, Жозеф Борел е номиниран за нов европски шеф на дипломатијата, на местото на Федерика Могерини.

Белгискиот премиер Шарл Мишел е предложен за претседател на Европскиот совет, додека директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, за претседателка на Европската централна банка.

Номинациите за челните позиции во ЕУ институциите остро беа критикувани од Зелените, кои велат дека тоа не се промените кои им се ветени на европските гласачи, па дури постои мислење дека Европскиот парламент не треба да ги прифати.

Сепак, изборот го поздрави претседателот на Франција Макрон, кој изрази надеж дека новиот тим ке биде целосно посветен на европскиот проект.

Translate »