Истражување: Кои професии се ризични за нашето здравје?
Универзитетот во Калифорнија неодамна го спровел истражувањето, чии резултати имаат за цел да покажат кои професии се лоши за нашето здравје. Некои од резултатите навистина ќе ве изненадат.
Најзагрозени се градинарите кај кои поради природата на работата често се јавуваат респираторни заболувања. Потоа, следат оние кои работат во рестораните, секретарките и наставниците, односно професорите. Оние кои работат ноќни смени исто така не се добри за организмот, поради нарушениот биоритам.
Според истражувачите, сите оние професии кои предизвикуваат нарушен, односно неуреден животен ритам се лоши за нашето здравје, бидејќи на долг рок предизвикуваат стрес, нарушено метаболизам, намалена енергија и пад на имунитетот. Особено ризична категорија се оние кои работат прекувремено (повеќе од 11 часови) кај кои постои ризик од појава на депресија.
Кон депресија се склони и болничарите и докторите. Тоа се случува поради неможноста да помогнат да се спасат човечктие животи.