Бајден ја освои Пенсилванија со што си обезбеди влез во Белата куќа!
Џо Бајден ја освои Пенсилванија после 20-те електронски гласови, со што тој е победник на американските претседатекски избори, пренесуваат странските медиуми.
Сега Бајден има 284 електронски гласови, а 270 се потребни за победа. Како што пренесува „AP“, на чии резултати најголемиот број на медиуми се повикуваат, Доналд Трамп е поразен и Џо Бајден ќе биде 46-от претседател на Соединетите Американски Држави. Бајден имал најмалку 30.000 гласови повеќе од Трамп во Пенсилванија.
„Америко, почестен сум што ме избравте да ја водам нашата најубава земја. Патот пред нас ќе биде тежок, но ова ви го ветувам – ќе бидам претседател на сите Американци, без разлика дали сте гласале за мене или не“, рекол Бајден во соопштето после прогласувањето на резултатите во Пенсилванија.https://platform.twitter.com/embed/index.html?dnt=false&embedId=twitter-widget-1&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1325118992785223682&lang=en&origin=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F358974%2Fgotovo-e-bajden-ja-osvoi-pensilvanija-so-sto-si-obezbedi-vlez-vo-belata-kuka&theme=light&widgetsVersion=ed20a2b%3A1601588405575&width=550px
„Сега кога кампањата е готова, време е бесот и острата реторика да ги оставиме позади себе и да се здружиме како нација. Време е Америка да се соедини. Ние сме САД и не постои ништо што не можеме да го направиме, ако тоа го правиме заедно“, вели Бајден.
Многу мрежи исто така го прогласија Бајден како нов претседател. Камала Харис така ќе стане првата жена потпретседател и прва дама со темна кожа на таа позиција, во историјата на Америка.