Како на ефикасен начин да ја одржите ликвидноста на вашата компанија!
ROLLSOFT софистициран софтверски систем кој користејќи вештачка интелигенција, со прецизност и за кратко време пронаоѓа низи од голем број на субјекти кои меѓусебно можат безготовниски да ги порамнат долговите со побарувањата.
Без разлика дали сте сопственик на мал бизнис или работите во секторот за финансии во средно или големо претпријатие, одржувањето на ликвидноста е од суштинско значење за континуран раст и развој на вашата компанија. Во економски турбулентно време кога официјалните податоците упатуваат на континуиран раст на правни субјекти кои имаат отворени стечајни постапки и додека загрижувачки расте бројот на блокирани сметки, правилното управување со ликвидноста е едно од најважните прашања за една компанија.
Само кога е ликвидна една компанија, постои оптимален проток на готовина за нормално да функциора производството, да се инвестира во иновации, да се исплаќаат плати, како и навремено да се подмират обврските кон деловните соработници.
Од друга страна високата ликвидност е показател за висока кредитна способност и ја покажува целокупната финансиска моќ на една компанија. Само ликвидна компанија може брзо и лесно да остварува нови деловни соработки, да земе кредит од банка, да влегува во партнерски инвестициони проекти итн. Впрочем, таа е најдобриот имиџ за една компанија!
Факт е дека секоја компанија во одреден момент може да се соочи со потешкотии, особено во случај кога ќе настане несовпаѓање на побарувањата и обврските. Односно кога обврските стигнале за наплата, а во исто време не ни се наплатени побарувањата. Во тој случај постојат неколку алтернативи за одржување на ликвидноста на компаниите меѓу кои спаѓаат откупот на побарувања, попознат како факторинг како и кредитирањето од страна на комерцијалните банки. Во првиот случај, износот кој компаниите го добиваат од финасиските друштва најчесто не надминува 85% од износот на побарувањата од своите купувачи, додека во вториот случај, каматната стапка на кредитите најчесто се движи од околу 5% па нагоре. Дополнително тука се и трошоците за апликација и како и манипулативниот трошок.
Но, постои и трет начин за одржување на ликвидноста на компаниите кој е едноставен, лесно достапен и воедно најефикасен метод а тоа е безготовинското порамнување на обврските со ненаплатените побарувања помеѓу поголем број на правни субјекти.
Согледувајки ја едноставноста на постапката, законитоста, и најбитно од се поволното влијание брз ликвидноста на субјектите, компанијата ROLLSOFT од Израел разви целосно безбеден и високо софистициран софтверски систем кој користејќи вештачка интелигенција, со прецизност и за кратко време пронаоѓа низи од голем број на субјекти кои меѓусебно можат безготовниски да ги порамнат долговите со побарувањата.
Од почетокот на оваа година, системот за безготовински компензации на ROLLSOFT е достапен и во нашата држава. Регистрацијата е бесплатна и се врши преку неколку едноставни чекори на интернет страната Rollsoft.com. Со овој начин, на компаниите им се овозможува без административни оптоварувања и тековни трошоци да добијат можност дел од своите обврски да порамнат со ненаплатени побарувања и на тој начин значително да ја подобрат својата ликвидноста и останатите финански параметри, да избегнат судски постапки и да ги унапредат односите со клиентите и добавувачите.