Истражување: Откриен мутиран вид на коронавирусот кој што 10 пати е позаразен од оригиналот, но има една „слаба точка“

Новото научно истражување открива дека истата мутација која што овозможи коронавирусот толку многу да се прошири во светот, можеби е неговата „Ахилова пета“ на која што идната вакцина би требало да цели.

Еден од најновите видови на коронавирусот кој што моментално е најчест во светот се нарекува D614G.

Истражувањата на научниците од Северна Каролина и Медисон откриле дека овој специфичен вид на коронавирусот се шири многу полесно и побрзо од оригиналниот кинески вид на новиот коронавирус.

Овој вид е десет пати попренослив од кинескиот поради унапредената инфилтрација на неговиот протеин со помош на кој влегува во човечките клетки.

Според најновото истражување, Ковид-19, односно неговата мутирана верзија D614G се шири побрзо, но не предизвикува тешки заболувања од болеста, додека истовремено е „чувствителен“ на лековите вклучувајќи и терапија со антитела.

Во истражувањето биле тестирани оригиналниот вид на Ковид-19 и неговата спомната мутирана верзија за да се утврди тежината на симптомите по заразата.

Тимот истражувачи открил дека токму високата заразност на мутираниот вид всушност може да биде негова „најранлива точка“ затоа што се создава мал влез на еден од протеините што ја зголемува неговата заразност, но исто така се остава и простор за делувањата однадвор, што е лесна мета за одговарачките антитела, оние кои што се наоѓаат во вакцините.

Но, потребно е да се направат дополнителни истражувања за да се открие точната механика на секоја од таквите мутации, па на тој начин да се доведе заштитата на јавното здравје до максимум. 

Translate »