Бизнисот и работниците треба да бидат сигурни во својата земја дека е подготвена да им се најде, вели Заев
„Бизнисот, економијата, работниците, синдикатите треба да бидат сигурни во својата земја дека е подготвена да им се најде, да ги помага компаниите да ги соочуваат работните места, да вбризга пари секогаш на најсиромашните, на најранливите заради тоа што навистина семејните буџети се погодени на сите, но најмногу патат најсиромашните, солидарноста мора да ја има буџетот, и гледате најголемата ставка е 90 милијарди социјалните трансфери и тоа е многу логично“, изјави премиерот Зоран Заев вечерва за НТВ.
Во однос на буџетот, додаде дека она што може да го има како импути, го употребиле до максимум, и дека тој е скроен за да одговори на предизвиците.
– Секако здравствениот и економскиот аспект од Ковид кризата, но истовремено да се обидеме секоја криза да ја користиме како можност за да биде истовремено и реастарт на македонската економија, вели тој