Георгиевски: Ветото ќе биде континуитет на катастрофалната бугарска политика

Бугарското вето ќе биде континуитет на катастрофалните политики на Бугарија од периодот кога за официјален јазик тие ја утврдиле северноисточната норма на бугарскиот јазик, пишува на својот Фејбук поранешниот премиер Љупчо Георгиевски.

„Од времето кога за официјален јазик ја утврдија северноисточната норма на бугарскиот јазик па до денес секоја генерација на бугарски политичари успева да донесе најпогрешна одлука во поглед на Македонија. Ветото само ке биде континуитет на таквата катастрофална политика“, пишува  Георгиевски.

Translate »