(ВИДЕО) Ханс Лотар Штепан за македонскиот идентитет: Вие плативте, сега треба и тие да платат и да се откажат од идејата за Голема Бугарија
Ханс Лотер Штепан, првиот амбасадор на Германија во независна Македонија, во едно свое интервју зборуваше за идејата да им се грабне на Македонците јазикот и идентитеот од страна на нивните соседи.
Сите сакаат да бидат големи, тоа е лудост. Вие плативте, сега треба и тие да платат и да се откажат од идејата за голема Бугарија, рече Штепан.
Ханс Лотер Штепан, веќе е покоен, а во наследство на нашата земја ја остави книгата „Македонскиот јазол“. Тој беше награден од МАНУ со наградата „Блаже Конески“, беше прогласен за духовен воин и беше награден од Фондацијата Рамковски со наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело.