СДСМ: Со „Децата крв ќе ви плукаат”, Апасиев шири говор на омраза на социјалните мрежи

Скандалозна, екстремна и заканувачка порака испрати лидерот на Левица, на својот фејсбук профил кој подоцна го избриша, истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Како што рече во пораката пишувало: „Децата крв ќе ви плукаат”, што е говор на омраза и е неприфатливо, особено оти доаѓа од претставник на народот во Собранието.

– За целиот период откако Левица е дел од Собранието, освен омраза, поделби, закани и популизам, не понудија ништо друго. Ниту еден единствен проект, ниту идеја, ниту предлог во интерес на граѓаните и државата. Самопромоција, со евтин популизам и ништо повеќе – и секогаш на линија со политиканството, блокадите, деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ. Исто како и ВМРО-ДПМНЕ, со апсурдни амандмани се обидоа да ја блокираат финансиската поддршка на граѓаните и компаниите погодени од Ковид кризата, исто како ВМРО-ДПМНЕ и Левица се противат на спроведување попис – рече Кузеска.

Translate »