Директорот на СЗО „удри“ по фармацевтските компании: Поради профит 39 милиони дози вакцини досега добиле 50 најбогати земји во светот, а најсиромашните само 25!

Првиот човек на СЗО остро ги нападна трката по профит на фармацевтските компании и нееднаквоста при распределбата на вакцините против Ковид-19 во светот, оценувајќи дека „не е во ред“ младите и поздрави возрасни луѓе во богатите држави да бидат вакцинирани пред старите лица и здравствените работници во сиромашните земји. Тедрос Гебрејесус ги обвини и фармацевтските компании дека намерно ги продаваат вакцините само во оние локации каде „профитите се највисоки“, објави dw.com. 

Гебрејесус изнесе податок дека наспроти 39 милиони дози вакцини колку што досега добиле 50 најбогати земји во светот, најсиромашните досега добиле само 25 (дваесет и пет) вакцини.

„Само 25 дози досега и се дадени на една од најсиромашните земји- не 25 милиони, не 25 илјади, туку 25. Морам да бидам директен: Светот е на прагот на катастрофален морален неуспех“, рече Тедрос на почетокот на состанокот на Извршниот комитет на СЗО во Женева. Според информации од СЗО, се работи за државата Гвинеја која единствена од сиромашните држави во светот досега добила 25 дози од руската вакцина Спутњик.
„Во ред е што сите влади сакаат да го приоритизираат вакцинирањето на сопствените здравствени работници и постарите граѓани најпрво“, рече Тедрос. „Но не е во ред што помлади, здрави возрасни луѓе во богати држави се вакцинираат пред здравствените работници и постарите луѓе во посиромашните земји. Ќе има доволно вакцини за сите“.

Тедрос порача дека распределбата на ковид-вакцините во рамките на КОВАКС програмата на СЗО ќе започне во фебруари годинава, откако претходно беа обезбедени две милијарди дози.

Текстот во целост на: dw.com. 

Translate »