Цените на становите растат и покрај кризата: Достигнат пикот од 2010 година
Пандемијата на коронавирусот беше голем здравствен предизвик, но предизвика и сериозна економска криза, ширум светот, па и во Македонија. Регистриран е пад на економската активност во услови на пад на извозот, потрошувачката и инвестициите. Сепак, и покрај тоа што дел од градежните компании прикажаа пад на активностите особено во главниот град, поради кризата и главно мораториумите за градба, сепак и во 2020 година, статистички, има зголемен број на продажба на станови, но и раст на цените. Имено, мината година впрочем, според податоците на Народната банка, цените на недвижнините го достигнаа нивото од 2010 година, цени кои не беа заблежани во сите претходни години. На квартално ниво имаше раст во сите четири тромесечја, а практично на крајот на годината цените на недвижнините се на нивото и од пред гоелмата финансиска криза односно од таа 2010 година.
Годишната стапка на промена на цените на недвижнините во четвртиот квартал е 1,7 процент, а со тоа практично цените на крајот на годината биле за 0,9 проценти повисоки од таа 2010 година.
Според Регистарот на цени на Агенцијата за катастар на недвижнини за третиот квартал за кога има последни податоци, забележан е раст во однос на вториот квартал кога обемот на трансакции се во прашање или тогаш регистрирани се 1.912 трансакции повеќе.
Во тој период се продадени 688 нови станови што е за седум станови повеќе од претходниот квартал. Во тој период продадени се и 3.862 стари недвижности. На пазарот непродадени стојат 6.923 станови, новоградби.
Ако се анализираат цените, останува највисока цената во скопската општина Центар каде просечната цена по квадратен метар во тој квартал изнесува 58.489 денари, најниска од местата каде воопшто имало продажби е во Куманово каде била постигната цена од 26.685 денари.
извор Фактор.мк