ИЈЗ бележи пад во бројот на нови случаи, но зголемување на смртноста од Ковид-19
Благо намалување на бројот на нови случаи, а пораст на процентот на починати од компликации од Ковид-19. Последниот извештај на ИЈЗ покажува дека минатата недела во Македонија 79 пациенти ја загубиле битката со вирусот , што е за 6,8 отсто повеќе од претходната седмица.
Според светската статистика, земјава и понатаму е меѓу првите 10 држави во светот по бројот на починати на милион жители.
Во извештајот на ИЈЗ за периодот од 11 до 17 месецов регистрирани се 2.397 новозаразени што е за 3 проценти помалку од неделата претходно. Речиси половината од новите случаи се во Скопје. Од вкупниот број една третина се на возраст од 20 до 39 години.
Направени се за 8.4 проценти повеќе тестови, а процентот на позитивни од тестирани е 16 насто.
Во меѓувреме во најновиот неделен извештај како оздравени се водат 5785 лица што е за 30 проценти повеќе од претходната седмица.