Трет случај во светот: Германец не ја преживеа втората инфекција на коронавирус
Во Германија е регистриран првиот смртен случај после втора зараза со коронавирус, што е трет ваков случај на глобално ниво.
Починатиот првпат се заразил со коронавирус во април минатата година, а втор пат во декември. Втората инфекција за жал не ја преживеал.
Починатото лице од округот Фројденштат, соопштија здравствените власти на Штутгарт.
„Пациентот почина како последица на ковид-19 пневмонија и сепса, со повеќекратно откажување на органите“, соопштија германските власти.
Станува збор за маж на возраст од 73 години кој после првата инфекција, очигледно не стекнал силен имунитет.
Германските власти укажуваат на тоа дека шансите досега биле мали некој по втор пат да се зарази со коронавирус, но и дека постојат поединечен број на случаеви каде пациентите не стекнале доволно антитела.