Комисијата за заразни болести донесе одлука: Администрацијата дома, за угостителите останува истото работно време
Комисијата за заразни болести на состанокот утринава наводно одлучина административците да не се вратат на работа со полно работно време, односно да работат како досега.
Комисијата требаше да одлучи дали од понеделник Администрацијата ќе се врати на работа, но засега одлуката е да продолжат да работат како досега, во систем на ротација или од дома.
Овој предлог ќе биде испратен до Владата, која на седница треба да одлучува дали ќе го прифати.
Претходно Владата бараше административците да се вратат на работа со полно работно време на почетокот на февруари, но веројатно тоа ќе биде пролонгирано.