Владата се јави со реакција по провокациите на Захариева
Секој јавен настап треба да е во функција на решенија, а не на провокации, одговорија од Владата по изјавите на бугарската шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева која се побуни зошто во Македонија ќе се врати српскиот јазик во училиштата.
Во духот на конструктивноста, Владата секогаш ќе комуницира со внимателен и достоен дипломатски наратив и секогаш ќе го брани достоинството и правото на идентитетско самоопределување на македонскиот народ, објави Канал 5.
„Повеќепати премиерот Заев и Владата апелираа до официјалните претставници вклучени во процесот на разговори меѓу Македонија и Бугарија, но и до медиумите да се внимава на изјавите, зашто може да повредат и да предизвикаат говор на омраза. Ги осудуваме и се оттргнувуваме“, велат од Владата.
Враќањето на српскиот јазик во училиштата во Република Северна Македонија ги побива некои ставови дека се прекинати врските со Србија и Русија, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, пренесува БГНЕС.