Д-р Кунгуловски: За 35 проценти е повисока смртноста од британскиот сој

Доктор Горан Кунгуловски од клиниката Жан Митрев преку својот Фејсбук профил информираше дека смртноста од британскиот сој на Ковид-19 е за 35 проценти повисока.

Последни информации за британскиот сој

1. Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот полесно се пренесува за најверојатно 50-70%, односно ако требало да се заразат 1000 луѓе, ќе се заразат 1500-1700. Значајно.

2. Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот најверојатно води до поголема смртност, барем за 35% во споредба со не-британски соеви. Значајно.

3. Ако има зголемена преносливост (да речеме 50%) и зголемена смртност (да речеме 35%) наместо да се заразат 1000, ќе се заразат 1500 и наместо да починат 10, ќе починат 20. Значајно.

4. Тековните вакцини се доволно ефективни кон британскиот сој. Значајно.

Пандемијата е далеку од завршена. Едиствениот спас е глобалната вакцинација, што побрзо толку подобро. Дотогаш, следете мерки, носете маски, не престојувајте во непроветрени простории, не престојувајте во затворени простории подолго време, бидете разумни, не мислете само на себе туку мислете и на останатите околу вас.
Паниката не користи никому, додека пак разумна претпазливост и мониторинг користат секому, пишува Кунгуловски.

Translate »