„Фрлени милијарди во ѓубре“: Ѕирнете во „Палатата на задоволството на Путин“ (ВИДЕО)
Уредникот на рускиот портал лојален на Кремљ доби пристап до палатата на Црното Море, на претседателот Владимир Путин, каде само го потврди своето знаење дека имотот треба да биде уништен и обновен поради проблеми со дизајнот.
Видеото објавено од порталот „Маш“ на Телеграм покажува како главниот уредник бил однесен во мермерна палата која повеќе личи на градилиште.
– Местото е една бетонска плоча – вели главниот уредник на „Маша“, Максим Иксанов, во шестминутен клип што, се чини, е во спротивност со тврдењата на Навални за луксузниот ентериер на мермерната палата, што тој го покажа во неговата видео истрага.