(ВИДЕО) Додека премиерката даваше интервју силен земјотрес го стресе Исланд
Силен земјотрес ја прекина седницата на парламентот на Исланд.
Рејкјавик и околината денеска ги стресе силен потрес со јачина од 5,6 степени по Рихтер. Потресот ја прекинал парламентарната седница.
Најсилниот потрес траел неколку секунди, а следеле повеќе помали дополнителни земјотреси.
Парламентарната седница поради тоа биле прекината петнаесетина минути. Хелги Храфн Гунарсон, пратеник на Пиратската партија, се оддалечи од говорницата, додека спикерот Стингримур Ј. Сигфасон, седеше зад него.
„Само биди смирен, миди смирен“, се слуша како спикерот го смирува помладиот пратеник.
Премиерката Катрин Јакобсдотир беше интервјуирана во живо на националната телевизија од нејзиниот дом, кога околу неа започнале да се тресе.
Повредени нема во земјотресот.
Епицентарот се наоѓал дваесетина километри јужно од главниот град во геотермалната зона Селтун.
Потресот кој се случил во 13 часот и 43 минути, во влизина на областа Крисувик, една седмица по активноста на вулканот чија ерупција во 2011 година приземји 900 летови. Минатата седмица научниците предупредија дека вулканот Гримсватн наскоро ќе еруптира.