Врвна заштита од сонце! Заштитува, намалува, прекрива! Eucerin Sun Pigment Control Tinted
Овие денови сигурно се прашувате како да постигнете рамномерен и природен тен на кожата, а истовремено да ја заштитите кожата од сонце? Иновациите на Eucerin во медицинската козметика дефинитивно многу го олеснуваат животот. Веќе нема потреба да се комбинираат пудри со производи за заштита од сонце за да се покријат неправилностите на лицето, а притоа ефективно да бидеме заштитени од штетните сончеви зраци. Eucerin Sun Pigment Control Tinted гел-крем обезбедува заштита од сонце, а истовремено и рамномерен и природен тен на кожата.
Не заборавајте на ефикасната медицинска заштита од сонце!
Eucerin Sun Pigment Control Tinted со заштитен фактор SPF 50+ ефикасно ја заштитува и негува чувствителната кожа и не остава масни траги на кожата. Достапен е во две нијанси (светла и потемна), а се постигнува највисока заштита од сонце со иновативната технологија Advanced Spectral Technology од Eucerin. Комбинира антиоксидант ликохалкон А за неутрализирање на слободните радикали предизвикани од УВ зраците и високоенергетската видлива (HEVIS) светлина, со глициретинска киселина чија што улога е да ги помага сопствените механизми за обновување на ДНК-та на кожата.
Ефикасна заштита без лепливи траги и остатоци на кожата!
Производот не е масен, не е леплив и не остава бели траги, а се апсорбира во кожата за неколку секунди. Крем гелот е перфектно решение за сите кои што не ги сакаат стандардните креми за заштита на кожата на лицето.
Заборавете на пигментните дамки!
Сончевите денови отсега ќе ги има се почесто, а тоа значи дека навреме треба да обезбедите квалитетна заштита за кожата, посебно оние кои се склони кон хиперпигментни промени на кожата. Со гел кремот од Eucerin се одложува фотостареењето на кожата и се овозможува да уживате во благодетите на сонцето!