Ни следуваат пролетни температури во февруари

Од утре следува стабилно време, проследено со температури нетипични за овој дел од годината, и истите ќе предизвикаат топење на снежната покривка на планините, соопштија од Управата за хедрометеоролошки работи.

По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.

Минималната утринска температура ќе се спушти до минус два, а максималните дневни ќе достигнат до 20 степени.

Translate »