Хронологија на нападите во Сирија
3.50 – Силни експлозии одекнаа близу Дамаск, јави АФП. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наредил напад врз Сирија, со сојузниците Велика Британија и Франција.
– Очигледно Асад лани не ја разбра пораката. Сега заедно со сојузниците ќе удриме посилно, нагласи тој. – Наредив американските вооружени сили да покренат целни напади врз објекти поврзани со хемиско оружје на сирискиот диктатор Башар ал-Асад, нагласи Трамп.
4.10 – Министерот за одбрана на САД Џејмс Матис изјави дека нападот бил планиран да се уништат посторојки за производство на хемиско оружје, но да не предизвикаат непотребни цивилни жртви. Се работи за еднократен напад и дали ќе има нови напади зависи од сирискиот претседател Асад.
4.39 – Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов предупреди за последици по нападот во Сирија.
5.25 – Сириските медиуми јавуваат дека нападите се „флагрантно кршење на меѓународното право“ .
5.56 – Русија со критики до САД поради одлуката за напади врз Сирија во момент кога таа држава „по седум години почнува да се движи кон мир“.
5.58 – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја поддржа воената акција на САД, Велика Британија и Франција. Во соопштение наведе дека воздушните напади „ќе ја намалат способноста на сирискиот режим да продолжи со напади врз сирискиот народ со хемиско оружје“.
6.06 – Сириската Влада соопшти дека се евакуирани сите воени бази пред воздушните напади и ја проценува штетата. Неименуван официјален претставник изјави: „Сите воени бази беа евакуирани пред неколју дена. Околу 30 проектили се испукани во нападот и околу третина од нив се уништени“.
6.20 – Руско Министерство за одбрана: Ниту еден проектил на САД и сојузниците во нападите врз Сирија не влегоа во зона под контрола на руските војници.
6.36 – Генралниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на воздржаност.
7.00 – На улиците во Дамаск протести поради нападите на странските сили. Граѓаните носат сириски знамиња.
7.30 – Француското Министрство за одбрана соопшти дека Русија била известена за нападите во Сирија однапред.
7.50 – Началникот на Здружениот генералштаб на Виоружените сили на САД Џозеф Данфорд изјави дека нападите директно ќе влијаат врз капацитетите за хемиско оружје на сирискиот режим.
8.10 – Руското Министество за одбрана соопшти дека сириската армија користела стари со децении, одбранбени системи за да пресретнат проектили на САД и сојузниците.
8.30 – Официјални сириски лица тврдат дека нападот е за да се спречи истрагата на Органзиацијата за превенција од хемиско оружје во случајот со наводниот напад со хемиско оружје во Дума минатата сабота.
8.40 – САД, Франција и Велика Британија го таргетирале главниот истражувачки центар и два центра за производство од тајна хемиска програма на сириските власти, изјави француската министерка за одбрана Флоранс Парли.
9.10 – Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека сирискиот режим не може да продолжи со „човечка трагедија без последици“.
9.15 – Британската премиерка Тереза Меј изјави дека „нема алтернатива за употреба на сила за да се спречи повторно употреба на хемиско оружје од страна на сирискиот режим“.
9.30 – Американскиот министер за одбрана Џим Матис и американскиот генерал Џозеф Данфорд објавија дека се нападнати три постројки во Сирија. Засега не се планирани нови напади.
10.00 – Сириската армија соопшти дека САД, Велика Британија и Франција испукале 110 проектили врз Сирија и дека три лица се повредени во Хомс.
10.10 – Франција сака веднаш да работи на продолжување на политичкиот процес за решавање на сириската криза, изјави шефот на францската дипломатија Жан-Ив Ле Дријан.
10.40 – Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва бара итна седница на Совето за бебзедност на ОН поради воената акција врз Сирија и оцени дека нападите се „чин на агресија“.
10.50 – Германската канцеларка Ангела Меркел соопшти дека нејзината Влада поддржува удари врз сирискиот режим како „неопходни и соодветни“, како одговор за минатонеделниот наводен хемиски наапд во Дума.
11.00 – Силите на сириската Влада влегоа во Дума, последно упориште на бунтовнците во Источна Гута, близу Дамаск.
12.18 – Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан предупредува дека ќе има и други воени интервенции во случај на нов хемиски напад во Сирија.
12.20 – САД, Франција и Британија го информираа НАТО за координираните напди врз цели во Сирија.
12.30 – Кина повторува дека се противи на употреба на сила во меѓународните односи и повикува на дијалог.
12.55 – Сирискиот претседател Башар ел Асад смета дека воздушните наапади ја направиле Сирија „поодлучна од кога било во намерата да го уништи тероризмот во државата“