Промени го животот и односот со храната – со Селина Тонкин на 4 јуни во Скопје

Се отселив од Македонија пред многу години – не затоа што животот во Австралија беше бајка, туку затоа што барав нов почеток. Не беше ниту таму лесно. Имав периоди кога сè што знаев за себе се распаѓаше. Но токму низ тие искуства – и како жена, и како мајка, и како сопруга – научив најмногу.Научив дека телото секогаш зборува. Особено кога ние одлучуваме да молчиме.Храната за многу од нас не е само храна. Таа е утеха, бегство, гушнување кога ни недостига некој… или ние самите. И нема ништо срамно во тоа – сè додека сме подготвени да го слушнеме она што стои зад тој порив, вели Македонката Селина Тонкин, која веќе 10 години во Австралија работи како ЕФТ тренер и ментор.

Таа е сертифициран коуч и за програмата „Tapping into Wealth“ од Маргарет Линч, која се фокусира на финансиска слобода и промена на односот кон парите. Ко-автор е и на книгата „EFT for Introverts“ заедно со д-р Пета Стаплетон, која им помага на интровертите да ја прифатат својата автентичност и да се изразат со самодоверба.

„Доаѓам во Скопје за да го пренесамо своето искуство и експертиза за справување со прекумерното консумирање храна“ вели Тонкин која на 4 јуни ќе одржи работилница на тема „EFT и вашиот однос со храната“.

🎉 Работилница во Скопје:

„EFT и вашиот однос со храната“

📅 4 јуни 2025 | 🕕 18:00 – 21:00 | 📍 Public Room, Скопје

На оваа работилница ќе:
🔸 научите зошто нашата глад понекогаш не е за храна, туку за внимание, допир, разбирање;
🔸 запознаете едноставни EFT техники кои можете да ги применувате секој ден;
🔸 добиете нов увид во тоа како да го слушате телото, наместо да се борите со него;
🔸 изградите нов однос со храната – не базиран на вина, туку на почит и нежност.

🎟 Цена: 800 МКД
📲 Пријави се преку Viber: ‪‪+61403720852‬‬
💳 Плати преку PayPal: celinatonkin483@gmail.com
🌐 Повеќе на: ‪celinatonkin.com‬

Твоето тело не сака да биде контролирано. Тоа сака да биде разбрано. Почни од таму. Слушни го – со љубов.

Со тебе,
Селина 💛

Translate »