Растение со кое ќе привлечете љубов: Тоа е моќен магнет за чувствата и одлична декорација на терасата

Цвеќињата не се само прекрасна декорација, туку носат и единствена симболичка моќ. Според верувањата, може да привлечат љубов, но под еден услов. Во градинарскиот центар ФОЈА ќе најдете широк асортиман на растенија, во различни бои, форми….И најважно корисни совети како да ги одгледувате за да тие растат и опстанат со текот на времето.

Но меѓу другите совети дали знаете дека постојат разни цвеќиња кои се садат во текот на пролетта и летото поради убавината, но и за да привлечат просперитет и среќа. Се верува дека популарната љубичица ќе ви донесе љубов, пари, а особено е ефикасна кога станува збор за чувствата.

Како да привлечете љубов со помош на љубичица? Почнете со намерата и боите

За да привлечете љубов со помош на љубичиците, потребно е да ги посадите на тераса со полна намера на своето срце и во состав со нивната симболика. Не е важно само каде ги поставувате туку и кои бои ги бирате.

Според верувањата, љубичиците во нијанса на црвена, розова и виолетова делуваат како енергетски магнет за чувствата, го зголемуваат романтизмот, сензуалноста и единствените емоции.

Меѓутоа, нивното дејство може да биде блокирано доколку игнорирате еден важен детаљ, а тоа е една жива боја која на терасата е симбол на љубомора – жолта.

Доколку сонувате за длабока врска, сте во светот на симболиката и енергетското опкружување, тогаш љубичицата е вистинскиот избор за вас.

Симболика на љубичицата – кои бои привлекуваат чувства?

Црвена – симболизира огнена романтика и страст. Тоа е совршен избор за оние кои бараат интензивни емоции.

Розова – претставува женственост и романтична екстаза, совршени за сонувачите и оние кои бараат нежни чувства.

Бела – симбол на мирот, светлината и слободата, можат да привлечат чисти и мирни односи.

Сина – одговорна е за помнењето и внатрешната поддршка.

Виолетова – со векови се поврзува со страста, едноставноста и духовните врски.

Еден услов: Избегнувајте ги овие љубичици доколку сакате да пронајдете љубов

Иако љубичиците можат да бидат сојузник во љубовните планови, клучен услов е да не купувате жолта љубичица. Оваа боја, иако е енергетска и жива во контекст со односите симболизира љубомора, завист и лага.

Според верувањата, жолтите љубичици можат да имаат спротивен ефект од посакуваниот и наместо да привлечат љубов, тие ефикасно ја одбиваат. Поради тоа, кога уредувате цветен аранжман на терасата, исклучете ги жолтите тонови.

Translate »