Боки 13 ќе се кандидира за претседател на СДСМ!
Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 ќе се кандидира за претседател на СДСМ на претстојниот Конгрес кој треба да се одржи на 21 март, неофицијално дозмнава „Плусинфо“.
Како што се шпекулира, мотото на кампањата што ќе ја води Боки-13 за иден лидер на СДСМ е „Декриминализација на СДСМ“.
Актуелното водство на СДСМ донесе одлука да одржи конгрес на 21-ви март, на кој непосредно ќе се гласа за нов лидер и за негови соработници.
Да потсетиме, Боки е осуден на 9 години затворска казна поради случајот „Рекет“. Поради здравствени проблеми беше пуштен во домашен притвор.