Во 2022 година ќе протечат првите количини гас за домаќинствата во Скопје

Магистралниот гасовод до Скопје е изграден уште во 1995 година и на него е приклулена ТЕ-ТО и многу компании, но гасот никако да стигне до домаќинствата затоа што нема изградена дистрибутивна мрежа. Сепак, премиерот Зоран Заев очекува првите количини гас за домаќинствата од Скопје да бидат испорачани во 2022 година.

– Во првата фаза за изградба на дистрибутивната мрежа поминаа 2 компании. И двете се од Турција. Едната има учество во градење на дистрибутивната мрежа во Турција од 30 отсто, а другата од 10 отсто. И двете компании се многу сериозни и доаѓаат од пријателска земја. За избор на компанија најзначајна ќе биде цената на приклучокот на домаќинствата на гасоводната мрежа – рече Заев.

Овие компании влегуваат во втората фаза, а во третата фаза ќе се избере компанијата со која ќе се воспостави јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Македонија.

Sloboden pecat

Translate »