Светозар Јаневски, газдата на „Тиквеш“ на чело на предизвикот „Јерусалема“ заедно со своите вработени
Светски познатиот предизвик „Јерусалема“ започна од група танчери од Ангола откако беше објавено видео со нивна кореографија на африканскиот хит „Jerusalema“. Нивната цел била едноставна – да шират порака за надеж во овој тежок период на пандемија.
Набрзо предизвикот се прослави низ целиот свет, а брзо пристигна и кај нас.
Денеска, во духот на големиот празник Св. Трифун, нѝ пристигна видео од винарската визба „Тиквеш“ чии вработени заедно со претседателот на управниот одбор, Светозар Јаневски, решија да се приклучат на предизвикот.
„Tимот на Тиквеш ја испраќа својата благородна порака, раскажувајќи ја македонската винска приказна во ритамот на љубовта и сплотеноста како дел од предизвикот Јерусалема.
Затоа токму денеска, во духот на големиот празник Св. Трифун, додека се закројуваат лозјата со желби за плодна винска година, се надеваме дека ќе успееме да допреме до вас преку оваа видео приказна и дека ќе ја почувствувате нашата страст и енергија за виното и за животот“, стои во објавата на Фејсбук страна на Тиквеш.