Што се случува со нашето тело ако седиме премногу секој ден?

Седите премногу дома, на работа, не се движите? Го загрозувате вашето тело на многу начини.

Гледање телевизија, седење на компјутер, играње игри – ова се активности што ги нарекуваме „седечко однесување“. Тоа доведува до внатрешни тегоби, вознемиреност, слаб сон, слаб метаболизам и социјална изолација.

Премногу седење, исто така, доведува до лошо држење на телото, и болки во грбот, свиткан ‘рбет, поголема напнатост во грбот, вратот, рацете и нозете.

Бидете внимателни кога поминувате часови пред компјутер – важно е висината на екранот да биде на ниво на главата. Ако екранот е повисок или понизок, мора да ја спуштате или кревате главата за да гледате во него.

Друга лоша страна на „седечкото однесување“ е гоењето. Ако седите премногу, не трошите доволно калории. Оние кои ги поминуваат деновите на нога, шетаат, трошат 1.000 калории повеќе од луѓето што го поминуваат денот на компјутер.

Претераното седење исто така е ризик за појава на згрутчување на крвта. Згрутчување може да се појави на бутот или во ногата, и ако се формира во вена може да патува до срцето и белите дробови и да создаде белодробна емболија што предизвикува отежнато дишење, болка во градите, а во некои случаи и трагичен исход.

Експертите од клиниката Мајо проценуваат дека губиме приближно два часа живот за секој час што седиме. Тие сметаат дека седењето е поопасно од пушењето цигари.

Затоа, здравствените работници советуваат повеќе движење, одење, физичка активност, редовно истегнување, особено ако работата ви е седечка.

izvor Kajgana.com

Translate »