Во пензија на 69 години, една петтина нема да доживеат! Новите планови за пензија ја вознемирија Германија
И покрај тоа, поради ковид-19 повторно се се погласни оние кои бараат таа граница да се помести на 69 години.
Во Германија од 2012-та година старосната граница за пензионирање е крената на 67 години, а според моменталните податоци, тоа постепено зголемување значи дека се повеќе луѓе умираат пред да дочекаат пензија.
И покрај тоа, поради ковид-19 повторно се се погласни оние кои бараат таа граница да се помести на 69 години.
“Во 2019-та година 17 проценти од починатите во Германија не дочекале 67 години, 14,4 проценти не доживеале ни 65 години, пренесува “Neue Osnabrucker Zeitung”. Ако старосната граница за одење во пензија се зголеми на 69 години, логично е повеќе луѓе да не ја достигнат старосната граница за пензија, пренесува “Deutsche Welle”.
Во 2019-та година 19,8 проценти од сите починати биле помлади од 69 години, односно секое петто лице.
Во април неколку економски институти предложиле зголемување на старосната граница за одење во пензија на 69 години, со оглед на оптовареноста на државниот буџет поради пандемијата.
“Таквиот чекор би донел двојна корист”, пишуваат тие институти во пролетниот извештај за Сојузната влада.
Од една страна, би се зголемиле приходите за пензиско осигурување, а од друга страна повеќе луѓе би биле достапни за пазарот за работа.
Германија има се помалку жители кои се се постари, рекол потпретседателот на Институтот за економски истражувања од градот Хале, Оливер Холтемелер.
Во иднина разликата меѓу бројот на млади кои доаѓаат на пазарот за работа и старите кои напуштаат ќе биде околу 400.000 луѓе помалку на годишно ниво.
Економистот предупредил дека тоа би ја оштетило германската економија.
И германската Централна банка исто така се изјаснила за зголемување на старосната граница за одење во пензија.
“Досега постојано растечкиот очекуван животен век подразбира се подолго траење на пензиите, додека периодот за плаќање на придонеси остануваат константни. Затоа е логично да се зголеми старосната граница од 67 за одење во пензија”, гласи во образложението на Бундесбанк.