Таа е претседател од сенка: Ричард Гренел тврди дека Бајден е само фигура

“Рајс зазема комфорна позиција која не привлекува внимание, но и овозможува да влијае не само на внатрешната, туку и на надворешната политика”, оценува Гренел, пренесува “KMJ”.

Имаме претседател од сенка, Сузан Рајс -тврди поранешниот шеф на американската Национална разузнавачка служба Ричард Гренел. Довчерашниот близок соработник на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, вели дека актуелниот шеф на Белата куќа Џозеф Бајден е неважна фигура, слаб и без влијание, додека потпретседателката Камала Харис воопшто не разбира што се случува.

“Рајс зазема комфорна позиција која не привлекува внимание, но и овозможува да влијае не само на внатрешната, туку и на надворешната политика”, оценува Гренел, пренесува “KMJ”.

Рајс е директор на Американскиот совет за внатрешна политика, но Гренел истакнува дека таа е експерт за надворешна политика, што го смета за јасен знак дека таа се занимава и со внатрешно, но и надворешнополитички прашања.

Рајс била соработничка на поранешниот претседател Барак Обама, во време кога Бајден бил потпретседател на САД. Како истакната членка на Демократската партија таа била 27-ми амбасадор на САД во Обединетите нации. од 2009-та до 2013-та година, и 24-ти советник за национална безбедност од 2013-та до 2017-та година.

Се очекувало да биде именувана за американски државен секретар. Позната е и по изразените антируски ставови.

Translate »