Најново! Каталонија нема да му дозволи на Мадрид да ѝ ја одземе автономијата
Каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон во обраќањето до јавноста рече дека нема да ги прифати мерките на Мадрид. Одлуката на шпанската влада за одземање на каталонската автономија, тој ја оцени како напад пострашен и од времето на диктатурата на Франко. – Сакаат да не ликвидират, истакна каталонскиот лидер.
Владата во Мадрид денеска го активираше членот 155 од Уставот со кој се предлагаат мерки за превземање на надлежностите на регионалната влада на Каталонија.