Маја Ацески: “Текстил Солушн” произведува заштитна опрема по иновативна т.н. “швајс технологија“ и веќе ја извезува!

Квалитетната заштитна облека  е еден од предусловите кои ги наметнуваат денешните високи безбедносни стандарди. Зависно од дејноста и нејзините специфики, секоја компанија која се грижи за здравјето и безбедноста на своите вработени, треба да обезбеди квалитетна заштитна опрема според највисоките стандарди. Македонската текстилна компанија Текстил Солушн, е специјализирана токму за оваа категорија на производи, и веќе успешно ги пласира и  на странскиот пазар. Произведува водоотпорни, огноотпорни одела, опрема за заштита од ниски температури, по иновативна технологија – таканаречена “швајс технологија“ за шиење  и изработка на работни одела и заштитна работна облека. Нејзиниот потенцијал го препозна и поддржа и ФИТР, убеден во иновативноста на технологијата. По тој повод разговараме со Маја Ацески, основач и менаџер  на оваа компанија.

  1. Кажете ни повеќе за новата технологија, и за овој иновативен производ?

Технологијата која што ние како компанија инвестиравме и ја имплементиравме  е наречена Seam Sealing tehnology во буквален превод лепење на шавовите или во нашата индустрија позната како Швајс технологија. Швајс артиклите се производ на оваа технологија која што моментално е присутна во областа на текстилната индустрија и преставува гранка која што се повеќе е застапена на пазарот. Со швајс технологијата се изработуваат артикли кои што се користат меѓу другото и во делот на заштитна облека која штити од сите надворешни влијанија според зададени стандарди.

Швајсувањето преставува процес на спојување на два слични или различни материјали со употреба на електрична струја и притисок, односно термопластика со употреба на висока топлина за да се стопат деловиве заедно и да се остават да се изладат предизвикувајќи фузија.

Процесот на швајсување ткаенини е користен бидејќи создава силни врски помеѓу парчињата ткаенина од што се спречува кинење и протекување кај готовиот производ а со тоа се продолжува животниот век на производот.

Добивате трајна водоотпорност, оптимизирана можност за дишење, целосна водоотпорност, плус многу повеќе придобивки со високи перформанси.

  • За кого е наменет?

Нашите технологии се за производи со високи перформанси се наоѓаат во јакни и панталони и во многу други различни артикли.

Произведуваме  производи со високи перформанси кои ја надградуваат вашата удобност и заштита.

Швајсуваната облека ги штити корисниците од надворешни влијанија дожд, снег, ветер и од тие причини е се поатрактивна и барана на пазарот како за специфични намени како работни одела на работници на отворено но уште повеќе примена наоѓа во спортската опрема за многу популарните спортови скијање, планинарење, едрењe, рибарење, трчање, голф и други.

Квалитетната и издржлива облека за работна облека може да направи вистинска разлика во секојдневната употреба за носителот. Удобноста, леснотијата на движење, практичноста и издржливоста се од голема важност кога станува збор за работната облека.

Иако практичноста на работната облека се сведува првенствено на дизајнот на облеката издржливоста и удобноста се сведуваат на користените материјали и технологијата на изработка.

Спортската облека не е само за логото на брендот однапред, туку за она што се случува во материјалот, засекот и шевовите и од таа причина е многу битна комплетната изработка .

  • Дали тоа значи дека во иднина наместо ефтини кинески производи, нашето МВР, АРМ или Протовпожарна единица може да користата домашни квалитетни производи, креирани според нивните потреби?

За потикнување на промена и давање помош во креирање на спецификациите и техничка подршка за јавните повици   воспоставивте соработка со професори и експерти од технолошкиот факултет и консултиравте експерти за безбедност.

Тоа ни е навистина голема желба , нашиот слоган е Ја облекуваме иднината, Го облекуваме светот. Кога веќе делуваме глобално со нашата услуга и производ со полно срце би сакале сите поединци кои што работат во јавниот сектор на позиции кои што се под влијание на надворешни фактори да добијат униформи кои што ќе им бидат додадена вредност кога ќе ги извршуваат нивните работни задолженија а   не пречкa.

Менаџерскиот тим од самиот почеток има висока свесност за важноста на континуирано информирање и следење на сите технолошки и технички скокови.Од таа причина иако сме средно претпријатие гордо може да се пофалиме дека во нашиот тим имаме два инжињери технолози кои што имаат дипломирано на Технолошкиот факултет и сме на постојана линија со таа институција па и од тука и заедничката заложба да направиме промена  и да дадеме наша помош и искусто во креирање на спецификациите и техничка подршка  на артиклите кои што би требало да се користат во нашите  институции. Го даваме на располагање целото наше стекнато знаење , искуство и долгогодишна интернационална пракса да се креираат нови стандарди во изборот на заштитни одела.

  • Кои се вашите идни планови?

Идните планови се континуирано подобрување на нашата услуга и целиот Know-how да го насочиме и да креираме наш производ. Целиме кон тоа да се позиционираме интернационално како компанија која  има високо квалитет производ каде преку неговото интернационално пласирање ќе  ја исполнуваме нашата мисија како компанија. Но во исто време да  бидеме пример дека успехот и професионалноста не зависат од местото каде што доаѓате туку од изразувањето на личниот и тимскиот потенцијал кој што сите го имаме само треба да го потикнеме и насочиме во правец на мисијата која ќе си ја поставиме.

Translate »