Дали самите да пресметуваме плата интерно или оутсорс, екстерно?
Без разлика дали сега основаме организација или тековно работиме, доколку во нашата организација или компанија имаме вработени за кои треба да пресметаме плата, се соочуваме со дилемата како да пристапиме во однос на процесот на пресметка на плата, дали интерно самите да пресметуваме или тоа да го прави надворешна фирма, потоа кој систем да го користиме и што ни треба од функционалности во системот кој би го набавиле. Во овој текст сакаме да ги разложиме предностите и слабосите при различниот избор, како и да одговориме на прашањата кои би си ги поставиле во процесот на одлучување.
Предности од интерен процес на пресметка на плата
- Потполна контрола врз процесот на пресметка на плата, можност за приоретизација на задачите и поголема флексибилност во роковите.
- Помали директни трошоци за спроведување на процесот.
- Поголема сигурност врз доверливоста на податоците. Кратењето на чекорите низ кои минуваат податоците го намалува ризикот од нарушување на доверливоста.
Слабости од интерен процес на пресметка на плата
- Потреба од експертиза во поставување и спроведување процесот за пресметка на плата во комбинација со ИТ вештини, како соодветна опрема и софтвер.
- Лицето кое интерно ќе ја пресметува платата ќе му треба значително повеќе време во прибирање на податоци, управување со исклучоци и нови предизвици во процесот на пресметка на плата споредено со надворешен експерт кој пресметува плати за повеќе организации и тековно се соочува со исклучоци како дел од рутинската работа.
- Поголем ризик од законска усогласеност. Лицето кое ќе биде задолжено за пресметка на плата интерно ќе треба да биде вклучено во следење на законски измени и промени во околината поврзани со процесот на пресметка на плата, многу е веројатно дека ќе треба да се ангажира консултант кој ќе не информира за законските измени, што подразбира дополнителни трошоци.
Кој систем да го користам за пресметка на плата?
Доколку се решиме самостојно да ја изработуваме пресметката на плата, потребен ни е систем за пресметка на плата. Добар систем за пресметка на плата треба да ги има следните карактеристики:
- Едноставен за користење, бара минимално познавање од околината за пресметка на плата (закони, подзаконски акти, форми кои се поднесуваат во институции)
- Постојано усогласен е со локалните законски барања, како што се Законот за работни односи, Општиот колективен договор, Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Законот за минимална плата…
- Централизиран пристап во обработката на податоци, можност за прибирање на податоци од различни сектори кои се дел од пресметката на плата, како и од различни системи како што се систем за човечки ресурси и систем за евиденција на работно време.
- Достапност на податоците и извештаи независно од локација и време, во и надвор од организацијата како што овозможуваат решенијата во облак.
- Пресметката на плата треба да е брза и прецизна
- Безбедност на податоци на високо ниво, можност за доделување и ограничување на пристап согласно потребите.
Кој провајдер да го користам за пресметка на плата?
Доколку се решиме да го екстернализираме процесот за пресметка на плата, ќе се соочиме со изборот на компанија која ќе ни даде услуга за пресметка на плата. Добар провајдер за пресметка на плата треба да ги исполнува следниве услови:
- Секогаш пресметката на плата да ја доставува во утврдени рокови и прецизно
- Да може да расте со својот капацитет како што расте нашата организација
- Да е отворен и флексибилен за нови барања согласно нашите потреби, и брзо и квалитетно да одговара на нашите прашања
- Да се грижи за законската усогласеност на пресметките и да ни дава совети како да постапиме во услови на промена на законите
- Да се грижи за безбедноста на нашите податоци
- Да не информира за евентуални аномалии во податоците кои сме му ги пратиле за пресметка на плата
Атина – Систем за пресметка на плата
АТИНА системот за пресметка на плата ги има следниве карактеристики:
- Поедноставување, структурирање и автоматизација на процесот за пресметка на плата
- Зголемена видливост и достапност до податоците и пресметките на сите засегнати страни соодветно
- Усогласеност со закони и колективни договори
- Флексибилност при калкулација на заработки согласно политиките на организацијата
- Флексибилност во прилагодување на извештаи
- Само-услужување на вработени и унапредување на продуктивноста на функцијата човечки ресурси,
- Можност за внес на:
- Оглас за вработување
- Договори и анекси (вработување, дело, авторски…)
- Платено отсуство (Годишен одмор, склучување на брак…)
- Други отсуства (Неплатени часови, виша сила, принуден одмор…)
- Боледување
- Задршки од плата (Извршни решенија, кредити…)
- Заработки (Бонуси, награди, минат труд…)
- Присуства (Прекувремена работа, ноќна, празнична…)
- Превоз
- Патен налог
- Можност за печатење/експорт на:
- Договор за вработување
- Решение за годишен одмор и платено отсуство
- Одлуки за награда или бонус
- Одлуки за казни
- Исплатна листа по вработен (месечна и годишна пресметка) повеќе јазнична и во валута
- Збирен рекапитулар
- Налог за книжење
- МПИН декларација
- Бруто нето по вработен
- Разлики по заработка по вработен и сумарно споредено со претходен месец
- Патен налог
- Е-ПДД XML Пресметка
- Можност за внес на:
- Безбедност на чувствителни податоци и можност за издвојување од сметководствената функција и функцијата на човечки ресурси
- Енкрипција на податоци при пренос и во мирување
- Корисници кои имаат дефинирани улоги со доделени привилегии
- Системот е достапен 24/7 поставен на облак
- Достапни ревизорски траги
- Отворен за интеграција со други системи
- Можност за интеграција со систем за евиденција на работно време
- Можност за интеграција со систем за сметководство
- Можност за импорт/експорт на податоци
Згора на функционалностите на АТИНА, тимот на РСМ се грижи Вие секогаш да сте информирани за сите релевантни законски промени и како да постапите при новите услови.