Елмас со два гола против Лестер, му донесе победа на Наполи!

Фудбалерите на Наполи предводени од Ељиф Елмас дојдоа до посакуваната победа во клучниот меч во Лигата на Европа, против Лестер со 3-2 (2-2). Пресметката на „Диего Армандо Марадона“ понуди атомски прв дел, а потоа и помирна игра во продолжението. Македонскиот „дијамант“ со два погодоци го одлучи натпреварот и ги одведе „партенопеите“ во нокаут рундата на второто по ранг европско натпреварување. 

Четири минути му беа потребни на Наполи да поведе, а прв стрелаше Адам Унас. Веќе во 24. минута домашните дојдоа до двојно водство, со првиот погодок на Ељиф Елмас. Репрезентативецот на Македонија добро го следеше Петања, се уфрли во празно и погоди во празната мрежа за 2-0.

Сепак, Лестер до полувремето се врати во игра. Џони Еванс и Девсбури Хол стрелаа за израмнвуање и 2-2. Во финишот на првиот дел незгодна повреда заработи Ирвинг Лозано, кој според проценките сериозно го повреди вратот и беше заменет. 

elmas-lester3.jpeg

По само осум минути игра по паузата, Ељиф Елмас и вторпат стрелаше во мрежата на Шмахјел. Акцијата се одвиваше по десната страна, Ди Лоренцо уфрли ниска топка на пеналтикот, а таму добро се снајде Елмас и погоди за 3-2. „Лисиците“ на Роџерс притиснаа до крајот на мечот, имаа шанси, а најзрело се закани Медисон кој ја погоди стативата. Сепак, резултатот до крајот остана непроменет и Наполи остана во Лигата на Европа и ќе игра во шеснаестинафиналето, а Лестер патува во Конференциската лига. 

Спартак Москва си ја заврши својата работа, минимално ја доби Легија (1-0) и го задржа врвот во групата Ц. Рускиот тим има ист број бодови како Наполи (10), ама поради двете победи во меѓусебните пресметки се пласираше во осминафиналето. 

https://streamff.com/v/b7d9dc

Translate »