19 српски планинари се изгубиле на Шар Планина

Деветнаесет српски планинари  се загубиле на Љуботен. Тие  18 часа  лутале по Шар Планина, при лоши временски услови и густа магла. По нив имало потера од седум македонски планинари кои тргнале да ги бараат откако виделе дека не се враќаат, од планината.По пет часа трагање по Шар Планина  ги пронашле и  ги спасиле. Српските планинари биле преморени и  исплашени.Сега се безбедни.

Translate »