Пози во сексот идеални за студените ноќи: Овозможуваат врвно задоволство, спојување и екстаза

Доколку сакате овие студени ноќи да ги „зачините“ со партнерот во спалната соба, тогаш ви предложуваме неколку секс-пози кои гарантираат задоволство.

Лажица

Сексот во стил на лажица е совршена поза за студените ноќи затоа што телата на партнерите се цврсто припиени едно до друго. Неговиот преден дел од телото совршено ќе го грее вашиот грб, задница и рамениците. Оваа положба е удобна и за двајцата, а доколку ви е потребно можете и да се покриете со ќебе.

Лотус

Не грижете се, не е неопходно со години да се занимавате со јога за да ја изведете оваа поза. Оваа положба е нешто меѓу каубојка и мечкина прегратка. Вашиот партнер треба да седи со прекрстени нозе, а вие имате задача да се свртите кон него и удобно да се сместите. Суштината е нозете и рацете да ги замотате околу него.

Лежечки „Doggy“

Додека традиционалната варијанта на оваа поза не овозможува речиси никаков контакт со кожата освен во пределот на карлицата, оваа модифицирана верзија овозможува партнерите да бидат блиску еден до друг и со самото тоа подобро да се загреат.

Започнете во стандардна положба, а потоа спуштете го горниот дел од половината на телото на кревет.

Translate »