Судењето против Грујевски и Бошковски во Солун е одложено за 1-ви декември
Судењето против поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошковски, кое требаше да се одржи денеска во судот во Солун, одложено е за 1-ви декември, објави „Телевизија 24“.
Судењето е одложено поради тоа што судот немал преведувач.
По Грујовски и Бошковски македонските власти имаат распишано меѓународни потерници, по обвинението од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати под името „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“. Беа уапсени минатата седмица на аеродромот во Солун, кога со лажни бугарски пасоши се обиделе да се качат на авион за Будимпешта.
На лажните пасоши, Грујовски и Бошковски имаа лажни идентитети, односно Христо Атанасов и Неџби Хасан.
Македонското Министерство за правда во петокот му наложило на Основен суд Скопје 1 да ја подготвува документацијата за барање екстрадиција на Грујовски и на Бошковски.