6 причини зошто сте сами
1.Постојано зборувате за бившиот/бившата
Без оглед дали ве повредиле или не, свртете нов лист и продолжете понатаму. Некогаш не ја гледаме целата слика и не сфаќаме дека можеби токму ние сме виновни за раскинувањето. За да заврши една врска не се потребни двајца, потребен е само еден. Ако тој/таа сака да излезе од врската, тогаш тоа е крај. Без оглед на она што се случило, мораме да се движиме , бидејќи животот оди понатаму, без или со нас. Навистина ли сакате да плачете по некој кој ве заборавил?! Тој или таа, не се единствени на светот, никогаш не заборавајте го тоа!
2. Им дозволувате на пријателите и семејството премногу да анализираат и критикуваат, уништувајќи ја притоа шансата за квалитетен однос со новиот партнер
Иако можеби не сте ги ни запрашале за мислење, вашите блиски си дозволуваат од вашата врска да прават драма и да ги проектираат сопствените проблеми и амбиции, барајќи ви го “вистинскиот”партнер. Не дозволувајте им да ви застанат на патот на среќата. Тие, ионака, не се дел од вашата врска. Верувајте им на сопствените чувства. Морате самостојно да донесувате одлуки и да извлекувате заклучоци ако сакате да си ја смените судбината.
3. Уверени сте дека заслужувате некој кој има одредени особини, но тие никако не се вклопуваат во создавање стабилна и здрава врска
Веројатно ви е најважно што мислат другите. Сакате вашата врска и партнер/ка да изгледаат совршено и да бидат идеални, но тоа во практиката не финкционира така. Освестете се на време и поставете си приоритети!
4. Потенцијалниот партнер го споредувате со бившиот/бившата
Иако вашите бивши партнери биле супер, тие сепак се само бивши! Веќе не сте во врска со нив! Ставете се во положба на вашиот нов партнер. Дали би сакале да сте со некој кој постојано би ве споредувал со некој друг?!
5. Вие сте посебни и никој не може да ги замени вашите родители
Да, точно е дека сте посебни, дека сте единствени, но не сте незаменливи. Незаменливи се и вашите родители и затоа не ги барајте во своите партнери. Родителите оставете ги да си бидат родители, а потенцијалниот партнер/ка гледајте ги како посебни единки . Пораснете !
6. Барате постојана романтика
А да не претерувате?! Животот не е романтична комедија. Некогаш и вашиот партнер/ка можат да имаат лош ден. Оставете романтиката да се одвива спонатно.