(Видео) Секс-сцената ја подготвувале 7 месеци, ѕвездата на филмот „House of the Dragon“: „Не беше толку пријатно…“
Фабиен Франкел, ѕвездата на серијата „House of the Dragon“, изјавил дека не сакал неговата секс-сцена со Мили Алкок да биде „непотребна“, а признал и дека планирањето на истата траело седум месеци, пренесува „Daily Mail“.
Во новата серија, 28-годишниот Франкел го толкува кралскиот чувар Сер Кристон, а неговиот лик дели интимен момент со принцезата Рајнеира Таргеријан која ја толкува 22-годишната Мили.
Зборувајќи за сцената, Фабиен изјавил дека не сакал истата да делува „евтино“. Сакал да ја „истакне реалноста на сексот“, наместо тоа да делува како „филмски момент“.
Изјавил дека за сцената се разговарало повеќе од седум месеци за да бидат сигурни дали добро ја сфатиле, додавајќи дека дури и разговарале за тоа како да изгледа дека оклопот му го соблекува на природен начин.
„Не се чувствував како дел од уште една беспотребна секс-сцена затоа што тоа едноставно не е така, секој кој некогаш имал секс-сцена во филм ќе каже дека сексот не е толку убав да се снима“, објаснил актерот.
„Тоа не е некоја сликовита, неверојатна работа. Непријатно е, особено кога си млад“, додал тој.
„Постојат одреден ден непријатни работи, а тука е и откривањето и разбирањето на телото на другата личност, да не ги спомнуваме и практичните страни на целата работа“, нагласил Франкел.
Фабиен изјавил дека тој, неговата колешка Мили и режисерката Клер Килнер размениле низа пораки и телефонски повици за сцената за да бидат сигурни точно како ја сакаат истата.
Додал и дека разговарале со координаторката на серијата Миријам Луци за да се уверат дека на сите им е пријатно и дека сите се сигурни додека ја снимаат сцената.
Интимниот момент меѓу Сер Кристен и Рајнеира се одигрува во четвртата епизода, откако принцезата завршува во бордел со својот вујко каде парот се бакнува.