Македонскиот пасош на 84-то место на ранг листата на Глобалниот индекс

 

Македонскиот пасош  е на 84 местото на  годинашнава листа на Глобалниот индекс за пасоши. Рангирањето на пасошите се врши врз основа на безвизниот режим.  Со нашата патна исправа без визи можете да влезете во 108 земји.

На Балканот подобро од нас се котираат пасошите на Словенија и Хрватска кои се земји на ЕУ, но пред нас , на 79-тото место,  е и Србија со чија патна исправа може  без визи  да се влезе во 113 земји. Зад нас се Црна Гора, БИХ, Албанија и на дното е Косово.

Најмоќен пасош на светот е сингапурскиот, а зад него е германскиот, па шведскиот.

 

Translate »