Barbershop.mk-каде има се што му е потребно на модерниот маж!
Личниот стил и препознатливоста е нешто подеднакво важно како за мажите така и за жените. На секој маж му импонира коментарот “тој има префинет стил…господин човек” Веќе одамна е надминат стереотипот дека грижата за себе, е предоминантно женска работа. Напротив се поголем е бројот на мажи кај кои може да се забележи негувана брада и бркови, за кои личната козметика е исклучително важна. Мажи кои сакаат да имаат одличен апарат за: бричење, за негување на косата, за нега на веѓите, специјален шампон за миење на брадата. Квалитетна фарба за коса….бидејќи се е во деталите!
Токму за такви мажи кои сакаат да ја истакнат својата индивидуалност, и да останата негувани денес се отвора Barbershop.mk нов моден продажен салон специјализиран за мажи. Во овој мал простор тие можат да најдат буквално се што им треба за нега. Машкото лице и кожа имаат посебни и различни потреби од женските. Токму затоа, се развиваат специјализираните производи како на пример IMEL Barba кои одговараат на нивните потреби.
Се што му е потребно на модерниот маж за нега на лице, тело и коса, како и за совршено негувана и обликувана брада има во Barbershop. Секако здравјето е најважно, но со негата за себе, покажувате самопочит, и секако работите на своето психолошко здравје!
Грижете се за себе и бидете убави и негувани секогаш! http://hairstyle.mk/