Најлесната и најефективната формула за заштита од сонце – Eucerin® HYDRO PROTECT SPF50+

160 волентери кои во текот на две недели ја тестирала најнова крема на Еуцерин за заштита од сонце, изјавиле дека во 99% случаи кремата лесно се нанесува, 98% рекле дека е погодна за топла клима, а 97% изјавиле дека остава пријатно чувство на кожата и не се лепи.


Ултралесната HYDRO PROTECT SPF50+ за заштита на лицето од сонце е резултат токму на потребите на корисниците да имаат ултра лесна крема која лесно се нанесува, не остава лепливи траги, а истовремено обезбедува најголема заштита од UVA, UVB зраци и ХЕВИС светлината. Оваа крема дополнително го поддржува и обновувањето на ДНК на кожата, благодарение на хидротехнолошки комплекс и напредната спектрална технологија.


Погодна е за повеќе типови на кожа – нормална, чувствителна, зрела, мрсна и склона кон акни, пигментирана кожа. Содржи и обоени пигменти за инстантно изедначување на тенот и декоративно-козметички ефект.


Лицето секогаш е изложено на сонце! Затоа заштитата од сонце треба да биде дел од нашата секојдневна рутина, а не само кога сме на плажа.

Оваа ултра лесна крема обезбедува ефикасност во четири сегменти
Многу висока заштита за лице од сонце
Advance Spectral Technology е технологија со заштитен знак на Eucerin® која обезбедува многу висока заштита на кожата на лицето од UVA/UVB зраци и сина светлина. Комбинира широкопојасни и фотостабилни UVA и UVB филтри, а антиоксидантот Licohalcone A ги неутрализира слободните радикали од УВ зраците и ХЕВИС светлината.
ДНК заштита на кожата
Глициретинската киселина, која се извлекува од корените на растението сладунец, има антиоксидантни и антиинфламаторни својства за кои е докажано дека помагаат во поправка на ДНК на клетките оштетени од УВ зрачењето.
Нов Hydro-tech Complex
Новиот hydro-tech complex ја хидрира кожата преку комбинација на хијалуронска киселина, природни навлажнувачки фактори и глицерин. Формулата не е мрсна и не е леплива, има лесен, пријатен мирис, брзо се впива и не остава траги. Како резултат на тоа, кожата е длабоко хидрирана, се чувствува свежо и изгледа одлично. И што е подобра мотивација од тоа да ја користите новата Ултралесна крема-флуид за заштита од сонце HYDRO PROTECT SPF50+ секојдневно и повторно да ја нанесувате по потреба?
Чиста формула и еколошки пакувањa
Формулата на новата ултралесна крема-флуид за сончање HYDRO PROTECT SPF50+ не содржи микропластика, октокрилен и хомосалат (типови на УВ филтри). Картонската амбалажа е изработена од хартија со сертификат FSC. Шишето и капачето се направени од рециклирана пластика. Овој еко-пријателски пристап за развој на производи и пакувања е дел од програмата на Eucerin® до 2025 година за одржлив развој.
Кремата-флуид е погодна за секојдневна употреба. Кремата за сончање не е само за на плажа, туку треба да биде дел од нашата секојдневна рутина, бидејќи дури и умереното изложување на сонце може да има негативно влијание врз нашата кожа.
Ултралесната крема-флуид за заштита од сонце HYDRO PROTECT SPF50+ од овој месец е достапна во аптеките во земјава во пакување од 50 ml.

Translate »