Зошто физиотерапевтите користат конопно масло во физикалната терапија?

Современиот начин на живот си носи свои последици. Особено неправилното држење, долгорочно седење или стоење, нечистата средина каде што живееме и загадениот воздух влијаат на организмот и понекогаш се случува да предизвикаат заболувања на коските и мускулите.
Има многу препарати што ветуваат олеснување од овие тегоби, за жал многу од нив се полни со хемиски состојки, што понекогаш повеќе одмагаат, отколку што помагаат и не се вистинско решение.
Кремата со коноп е вистински избор за болки во мускулите и зглобовите, кога се применува локално. Оваа моќна состојка е природна алтернатива на традиционалните лекови против болка. Така, овие природни креми што содржат процент на коноп, може да се користат наместо хемиските лекови. Кога конопот е застапен во медицинските масти тогаш е погоден и за масажа. Такви креми со коноп се корисни по одредени хируршки или слични интервенции и на тој начин се намалува болката, се подобрува циркулацијата и се забрзува регенерацијата на кожата.

Луѓето што работат седечка или работа што бара многу стоење, веќе ги чувствуваат бенефитите на овие природни креми од коноп што обично покрај коноп содржат и благотворни состојки како што се масла од чајно дрво, еукалиптус, ментол и рицинус. Покрај тоа, кремите се дерматолошки тестирани и не содржат синтетички парфеми.

“Како некој што страда од хронична болка во зглобовите, поради мојата седечка работа се решив да се обидам со кремите од коноп. Имав одлични резултати од кремата со 5% масло од коноп и бев пријатно изненаден колку е ефикасна во намалувањето на болката. Сега работам без да ми биде одвлечено вниманието од болка во зглобовите и особено го ценам фактот дека кремата е природна замена на лековите против болка што се многу опасни за организмот” – вели Никола, 37-годишен економист од Скопје.

Зелените конопни креми содржат 10% проценти конопно масло и многу физиотерапевти ги користат во физикалната терапија за да се подобри целокупниот ефект на третманот. Ваков вид на креми ја поттикнуваат циркулацијата и токму затоа има моментална релаксација.

Кремите од коноп се ефикасна алтернатива на традиционалните лекови против болка и за антиифламаторните лекови. Со овие креми се овозможува управување со болката или воспалението, а се избегнуваат потенцијалните несакани ефекти.

Канабисот се користел за медицински цели низ многу земји во историјата. Древната индиска ајурведска медицина користела канабис за лекување болка и воспаление. Во Кина канабисот се користел за лекување маларија, а во древниот Египет пак го користеле за ублажување на болката при породувањето. Различни африкански култури користеле канабис за лекување астма и треска, Викинзите и Германските племиња го користеле против забоболка.
Во Македонија, со векови наназад, растнието се нарекува со народното име коноп и неговите својства им биле познати на нашите предци. Постојат многу сведоштва што упатуваат дека на Балканот, конкретно во Македонија, конопот се користел против болки, воспаленија, дигестивни проблеми, но и како седатив во минатото.

Денес, модерната медицина ги сфаќа придобивките на ова лековито растение и се повеќе се насочува кон истражување и примена на неговите медицински својства. За тоа сведочат илјадници луѓе што ги почувствувале бенегфитите од препаратите што содржат одреден процент коноп.

Translate »