Сауна во домот идеален начин за опуштање по напорна работа, со бројни здравствени придобивки!

Работите напорно со цел нешто да постигнете, да заштедите за своите деца, за мирна пензија, за поголема финансиска сигурност. Но, со текот на годините веќе ја немате истата енергија или пак имате поголема потреба за одмор, релаксација и полнење на батериите. Да си посветите повеќе време за себе, со најблиските, да си дадете оддишка и да се опуштите.

Точно е дека не опуштаат различни работи! Некој преферира престој во природа, друг трчање или посета на теретана, некого муабет со блиска особа….Но, неприкосновен факт е дека престој во сауна обезбедува многу придобивки за нашиот организам. Замислете си ситуација во која се враќате од работа, по поминати 8,9 часа, напнати и нервозни, чувствувате вкочанетост во вратот, грбот…влегувате во домашната сауна и за само 10-тина минути сте како препороден. Нема потреба да правите некои подготовки за да одите некаде подалеку, туку дома да поминете квалитетно време и да се опуштите.


Ако пак сте еден од оние кои не поднесуваат високи температури од 80-90 Ц какви што ги има класичната Финска сауна, се препорачува Инфрацрвената сауна која постигнува пониски температура до 50 степени, а сепак се доживуваат здравствените и психички ефекти од сауната.
Престојот во домашна сауна е eдна од тие здрави опции која носи многу придобивки за нашиот организам. Освен што го чисти телото од токсини и нè ослободува од стресот, со престој во сауна се намалува високиот крвен притисок и ризикот од срцеви заболувања. Посебно е препорачлива за спортисти и луѓе кои доживеале телесни повреди. Одлична е за намалување на болка во мускулите. Исто така една од причините зошто експертите ја препорачуваат инфрацрвената сауна е бидејќи таа овозможува длабинска детоксикацијата на телото и кожата како резултат на длабокиот топлински ефект и загревањето на ткивата, предизвикани од инфрацрвената топлина.


Инфрацрвената топлина продира длабоко и овозможува темелно чистење на телото и исфрлање на токсини како тешки метали, алкохол, никотин, холестерол, вишок на минерали и млечна киселина. Потта која се лачи при потење во инфрацрвена сауна, содржи до 17% токсини.
Инфрацрвената сауна е практична, бидејќи брзо се загрева и може да се вгради во било кој празен простор во домот/ соба / дневна / спална/ купатило / подрум, а предизвикува многу мала потрошувачка на струја. Нема потреба ни од плочки ни од вода, само обичен кабел за монофазна струја. Може да се вгради и во рамки на постоечка Финска сауна.
Во неа можете да се опуштате заедно со сопругата, децата, и тоа да биде едно забавно и корисно дружење со бројни здравствени, и социјални придобивки. Да се чувствувате како да сте во некој луксузен хотел, а всушност Вие сте дома. Нема поубаво!
Инфрацрвената сауна претставува ефикасен начин за трошење на калории (до 600kcal со една терапија), ја подобрува циркулацијата, го стимулира лачењето на ендрофин (хормон за добро расположение) и генерално ја подобрува благостојбата на организмот и здравјето.
“Инфрацрвената сауна дефинитивно претставува долгорочна инвестиција во здравјето и благосостојбата на организмот.” А за брза, квалитетна и ефикасна изведба секако ја препорачуваме Пирин Скопје, компанија со традиција од над 30 години, во проектирање и изведување Фински, инфрацрвени, Хималајски и комбинирани сауни, џакузи и базени со димензии и карактеристики по избор и желба на клиентот, во кој било празен простор”
Времето одвоено за себе е исклучително важно за физичкото и психичкото здравје. Животот е премногу краток за да не уживате во него, а малите задоволства знаат да понудат повеќе задоволство отколку што мислите.

Translate »