(Фото/Видео) Во шестата деценија се соблече во бикини, велат дека нема позгодна природна жена од неа

Актерката и водителка Падма Лакшми се појави на овогодишната насловна страница на „Sports Illustrated Swimsuit“, а фотографиите направени за потребите на магазинот оставаат без здив.

Водителката има 52 години, а како што можеме да забележиме од фотографиите, таа и во шестата деценија изгледа нереално. Бујните гради и завидната фигура се впечатливи карактеристики на убавата Индијка, а фотографиите од снимањето се појавија и на официјалната Инстаграм страница на „Sports Illustrated Swimsuit“. Реакциите на многубројните следбеници се позитивни.

„Кога рековме дека оваа година ќе биде исполнета со легендарни жени кои нè охрабруваат и инспирираат и ги користат своите платформи да бидат видени, но и да го шират својот глас, тоа и го мислевме. Како авторка, активистка, актерка, модел, филантроп и ТВ водителка, не постои нешто што Падма Лакшми не го работи, а сега се придружува и на страниците на нашето „Sports Illustrated Swimsuit“ издание за 2023 година“, порачуваат од познатото списание.

А што вели Падма?

„Би „убила“ за ова кога имав 20 години и бев модел, тоа беше свет грал. Но, никогаш не ме повикаа за нешто од ваков вид и навистина мислев дека тој брод отплови, да бидам искрена. Не верував на она што го чув преку телефон, полудев и само реков: „Морам да одам во теретана“.

Кога младите жени ќе го видат ова, се надевам дека ќе сфатат дека им претстои долг живот и дека искуството и мудроста и надминувањето на разни ситуации всушност ве прават интересни и ве збогатуваат како личност“, додала таа.

Translate »