Свежи зачини кои треба да ги имаме во саксија близу нас!

Создавањето домашна градина со зачини има многу придобивки. Пред се за нашето здравје! Со оглед што тешко се доаѓа до свежи зачини во градска средина, не е лошо посебно ако сте гурмани и љубител на органските намирници да си направат мала градина во својот стан.

Билките како што се жалфија, рузмаринот, босилекот, стевиа, нане се лесни за одгледување и немаат потреба од посебни услови. За да ги одгледувате потребни ви се саксии, земја и место во близина на прозорецот. Може да ги купите во Фоја каде  од 1-7 Мај е недела на зачини, и сите се по промотивна цена од 60 денари.

 Се препорачува овие билки да се стават на прозорец што гледа кон југ, бидејќи таму би апсорбирале најмногу светлина, а потребно е овие зачински билки да бидат изложени околу 6 часа на сонце. Се препорачува секоја билка да е во посебна саксија, бидејќи немаат сите иста потреба од вода.

Најдобро е да ги изберете оние билки што ви се допаѓаат и кои се користат во повеќе рецепти, или билки од кои можете да направите чај.

Битно е да се полеваат растенијата секојдневно, бидејќи брзо растат. Мртвите садници кои не напредуваат, слободно отстранете ги. Ако некоја билја се шири премногу, слободно пресадете ја во поголема саксија или проретчете ја.

Translate »