Тим билдингот може драматично да го зголеми успехот и профитабилноста на една компанија!

Како компанија имавте напоред работен период, во кој Вашиот тим интензивно и вредно работеше. Неопходно е да им оддадете признание на вработените, а истовремено и да ја ресетирате тимската енергија со цел да се продолжи успешно и понатаму. Размислувате за финансиски бонуси, јавни пофалби и тоа е во ред, но дали е тоа доволно за да тимот и понатаму одржува максимална мотивација.
Дали е потребно да комбинирате со нешто друго, за да експресно ја возобновите тимската енергија, да создадете синергија и поголемо взаемно разбирање и доверба во тимот.

Потребен Ви е тим билдинг!


Активност која ќе ги оттргне вработените од нивната вообичаена околина. Со која ќе доживеат ново опкружување кое често им дава шанса на вработените да ја поттикнат својата креативност и да ја користат својата имагинација. Со организација на креативен и забавен тим билдинг им испраќате порака на вработените дека нивната креативност е добредојдена на работното место, и дека тие се важен дел од вашиот тим.
Сигурно е дека веќе немате дилеми дали е потребен тим билдингот! Одиме чекор понатаму, каде, кога и кој да го организира?
Посакувате некое различно, интересно место (да избегнете од секојдневието), со прекрасна глетка, мир и преубава природа…. А такви места во Македонија има во изобилие, каде можеме да се поврземе со природата и традицијата. Предлози има многу, а сега би го препорачале Маврово и Реканскиот крај, кој е посебна приказна. Галичник, Лазарополе, Ростуше каде и да отидете во овој реон загарантирано ќе ги наполните батериите и ќе се одморите. Ако се решите за Галичник, со коњичкиот клуб Шерпа можете да доживеете едно сосема поинакво искуство, а тоа е јавање коњи по падините на Бистра. Покрај незаборавното јавање на коњи тука може да ги научите тајните на создавање на највкусното галичко сирење, да уживате во локални специјалитети и да кампувате каде што ни птиците не се осмелуваат.


Ова е само еден предлог, а ако сакате нешто поинакво, и тоа некој да го организира за Вас во најмали детали, ја препорачуваме компанијата Балкан Приме Турс, која е веќе докажана во овој сегмент. “Мисијата на Балкан Прајм Турс  е да креира тим билдинг турите низ земјава и низ балканот кои се навистина креативни, а импресиите од нив се фантастични. Работиме со домашни, но и странски компании! Но не само што луѓето убаво си поминуваат, ефектот е многу позитивен. Поголема продуктивност, синергија, задржување на вработените. Има ли нешто поважно од тоа”, вели Влатко Сулев, Оперативен директор на оваа иновативна македонска компанија.
Силните и стабилни тимови се важни во компаниите од сите големини. Сепак, многу компании се фокусираат на одржување на задоволни клиенти и често ги занемаруваат потребите на нивните вработени. Забораваат дека вработените се нивното најголемо богатство и предност, што може да биде скапа грешка.
Kомпаниите треба да практикуваат тим билдинг како постојан дел од нивната деловна култура. Тим билдингот не само што го зголемува моралот, продуктивноста и отворената комуникација на вработените, туку може и драматично да ги зголеми успехот и профитабилноста на бизнисот.

Повеќе на следниов линк-
https://teambuilding.balkanprime.tours/

Translate »