Стевчо Јакимовски: лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја “мати водата” во град Скопје
Градоначалничката Данела Арсовска е во право кога му се лути на Мицкоски и го нарекува „шпицен градоначалник“ затоа што тој се мешал во работата на Град Скопје, вели Стевчо Јакимовски, градоначалник на општина Карпош во „Аргумент плус“ на ТВ24.
За него револтот на Арсовска е оправдан.
– Не сум разговарал со градоначалничката Арсовска. Сакам да се видам за да ги подготвиме програмите за следната година. Го употребував терминот шпицен градоначалник затоа што се мешал во работата на советите и на општината. Веројатно претерал и во неговото мешање во Градот Скопје и веројатно тоа е причината што таа го нарекува „шпицен“. И гледате таа, колку што јас гледам, немаше конфликт со советниците, туку со Мицкоски. Тој е оној кој ја мати водата. И таа го бара тој да дојде и ова да се расчисти – изјави Јакимовски.