Каталонија прогласи независност, Мадрид ја укинува автономијата

Каталонскиот парламент денеска  прогласи независност, а веднаш потоа шпанскиот сенат изгласа да ѝ се укине автономијата на Каталонија и да се воведе директна власт од шпанската влада.

За независност во каталонскиот парламент  гласаа 70 пратеници, 10 беа против, а имаше двајца воздржани.

Се очекува шпанскиот премиер  да свика состанок на кабинетот на кој ќе се одлучува за конкретните мерки за превземање контрола врз финансиите, полцијата и државните медиуми во Каталонија.

Translate »